Дали треба да намалите со користење на телефонот?

Паметните телефони се исклучително корисни, нема никакво сомневање но тоа. Но, како и со сите работи, така и со оваа, претераното користење знае да влијае негативно не само по вашето здравје, но и по вашиот социјален статус.

Според бројни истражувања, целосното фокусирање на телефонот допринесува до занемарување на гледање во далечина, што знае значително да ги оштети очите. Како дополнителен минус, дојдено е до заклучок дека не е ни здрава долгата изложеност на светлото од екраните и дека, што е поблиску екранот до вашите очи, толку повеќе се оштетува ретиналното ткиво. А кога сме кај близината, дали сте слушнале за изразот Text Neck? Во последниве години е исклучително актуелен, а се однесува на ситуациите кога ја наведнуваме главата за да гледаме во телефонот. Секој пат кога ќе направиме така го зголемуваме притисокот на нашиот цервикален `рбед за до 30 килограми. Ова резултира со болки од различни интензитети, не само во вратот туку и во рамениците.

Долгото користење на телефонот не прави проблеми само со вратот, туку и со рацете. Ова нѐ доведува до уште еден интересен израз – Text Claw или ситуација во која прстите се кочат, или трнат. Подолгото држење и управување со телефонот допринесува до воспаление и проблеми со тетивите на раката.

Горе споменатите здравствени проблеми го менуваат вашето тело, начинот на кој се движите, но и размислувате. Едно истражување од 2012 година покажало дека присуството на мобилните телефони допринесува до оставање негативен впечаток кај другите луѓе.

Долгото користење на телефони влијае на вашиот сон, може да развие депресија, па дури и да халуцинирате, како да почуствувате дека ви вибрира телефонот, или да чуете дека ви ѕвони само за да заклучите дека мозокот си игра со вас. Нема никакво сомневање дека телефоните го менуваат мозокот, иако не се знае до која мера и со какви последици. Едно друго истражување бележи дека луѓето чиј телефон бил близу до нивната глава бележел мозочна активност која била за 7% поголема од луѓето кои не ставале телефон блиску до нивната глава.

Во случај постојано да користите телефон, можеби не е лошо сериозно да размислите за промена на оваа навика.

1 коментар на “Дали треба да намалите со користење на телефонот?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии