Дали сте преоптеретени со имејл? Можно е да страдате од tele-pressure…

Вo IT.mk не ги сфаќаме секогаш сериозно оние тези за зависност од интернет, телефони итн. бидејќи веруваме дека технологијата не прави поефикасни и помоќни, веруваме дека сме на пат да се претвориме во киборзи, и тоа воопшто не е лоша работа. Но, „tele-pressure” е нешто што ни го привлече вниманието бидејќи го чувствуваме секој ден.

Tele-pressure е преоптовареност и порив веднаш да се провери професионалниот имејл или друштвените мрежи од страв да не сте испуштиле некоја обврска или нешто поврзано со работата. Според Huffington Post, дури 80 отсто од вработените во САД се соочуваат со овој стрес секој ден, и се повеќе станува вистински проблем на работните места. Новоименуваниот проблем предизвикува проблеми со концентрацијата и преработеност, што пак предизвикува почесто откажување од обврските.

Companies are telling their employees to sign-off for their health.

Posted by HuffPost Lifestyle on Tuesday, December 1, 2015

Решенијата за намалување на стресот се креативни. Од забрана на праќање и примање пораки во одреден период, до затворање на канцелариите кога не е работно време, до мотивирање на вработените да се дисконектираат од интернет, да бидат офлајн, и да прават повеќе работи во реалниот живот без присуство на лаптоп или телефон.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии