Дали сте покреативни од другите? LinkedIn ги објави најупотребаните придавки во резимеата

Linkedin ја објави листата на најупотребувани придавки со кои се опишуваат нивните корисници во своите резимеа. Годинава убедливо најупотребуван збор е „одговорен“ и тоа е двапати почесто користен од вториот збор на листата „стратешки“. Трпелив, експерт, организациски и иновативен се нови зборови на листата на најупотребувани придавки, односно ги заменија експериментален, мотивиран, мултинационален и специјализиран. Одговорен, креативен, ефикасен и аналитички се уште се атрибути на сите.

Сите ние сме најдобри во резимето, но ретко кој ги има сите тие вештини во пракса. Работодавците кои бараат таленти, сигурно овие зборови ги слушнале или прочитале неколку милион пати. Но, доколку сте кандидат за работа или сакате да се истакнете тогаш не е лошо да бидете покреативни во своето резиме.

Linkedin ги советува своите корисници да ги поткрепат зборовите со примери, па така наместо да го напишат зборот подобро е да испратат резултати кои се последица на атрибутите кои корисниците си ги придаваат. Освен ова подобро е да напишат како определен квалит кој го поседуваат ќе допринесе за подобри резултати. Конечно далеку подобро е да се користат препораки од компании (извори) кои можат да ги потврдат талентите.

1 коментар на “Дали сте покреативни од другите? LinkedIn ги објави најупотребаните придавки во резимеата

  1. Доаѓаме до заклучок дека најтешко им е на луѓето да станат одговорни. Веќе кога ќе го постигнат тоа, со задоволство се фалат :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии