Дали Samsung успеа да го поправи Galaxy Fold

Дејан Соколоски

во Мобилни, Хардвер

iFixit дојде до новиот, поправен Galaxy Fold и секако, го расклопи. Вообичаено овие расклопувања треба да дадат одговор на прашањето колку е едноставно сервисирањето на еден уред, но во случај со овој телефон прашањето е „Колку брзо ќе треба да го однесете на сервис?“. Проблемите со Galaxy Fold поради лесното оштетување на екранот на „спојот“ помеѓу двата дела на телефонот.

Мало потсетување на хардверот, Fold доаѓа со: Snapdragon 855 процесор; 12 GB RAM; и 512 GB eUFS флеш диск. Уредот има 6 различни камери, а капацитетот на двете батерии е 2245mAh и 2135 mAh. Флексибилниот екран е 7,3-инчен QXGA Dynamic AMOLED со резолуција 2152 x 1536.

Она што е најважно е дека Samsung направи надградба на заштитата за екранот и опасноста за негово оштетување е намалена. Дали ова е доволно веројатно ќе дознаеме наскоро.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии