Дали ова е размислувањето на Google за друштвена мрежа?

Во презентација тој го разгледува и објаснува концептот на social networking, односно друштвеното поврзување. Еден интересен момент на самиот почеток на презентацијата е моментот во кој се објаснува дека ние имаме различни пријатели кои никогаш не би се сретнале во офлајн животот, но се поврзани во онлајн и мора да споделуваме со нив. Ова е интересно нешто бидејќи може да сугерира дека Google Me би имало можност да ги групирате пријателите и да споделувате информации според контекстот.

Друго важно нешто кое се повторува во презентацијата е влијанието на пријателите врз изборот на продуктите, сервисите и довербата во продуктот, што е и точно. Верувам дека секој од нас би прифатил препорака за продукт од пријател, одошто сугестија од реклама. Но тоа се забележува содруштвените мрежи е што сега имаме повеќе пријатели. Ако просечниот човек комуницира со 4-10 блиски пријатели, со Facebook тој број е 150 пријатели или 150 сугестии.

Доколку Google Mе стане реален проект, ќе биде интересно да видиме како Google ќе се справи со сите проблеми, и како ќе ги внесе сите решенија за онлајн пријателствата во нивната друштвена мрежа.

1 коментар на “Дали ова е размислувањето на Google за друштвена мрежа?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии