Дали оперативниот систем стана препрека за iPad?

Дејан Соколоски

во Хардвер

Новиот iPad Pro е најмоќниот таблет компјутер досега. Уредот е толку моќен што А12x процесорот на бенчмарк тестовите е побрз од i7 процесорот на MacBook Pro.

Таблетот доаѓа со голем 12,9-инчен Liquid Retina дисплеј. Разликата помеѓу помалиот и поголемиот iPad Pro под последната генерација e единствено во големината на дисплејот. Останатиот хардвер е непроменет.

Apple користи многу термини во презентацијата, кои не секогаш се точни. Тоа е случај и со новиот уред. IPad Pro се рекламира како уред со дисплеј од крај до крај, но веднаш ќе забележите дека тоа не е случај. Дополнително, ако ве интересира која е разликата помеѓу Retina и Liquid Retina, речиси и нема разлика, Liquid Retina, е Retina дисплеј со заоблени агли, вели Verge.

iPad Pro доаѓа со A12x Bionic процесор; уредот има неколку верзии со слободен простор од 64GB, 256 GB, 512 GB и 1TB. Главната камера е 12Мр, f 1/8, а помошната 7Мр f 1/8. Предната камера може да снима видео со 4К резолуција, а помошната видео со 1080р резолуција.

На таблетот е надградено ама баш сè. Од процесор, па се до пенкалото и тастатурата. Пенкалото на пример сега може да се полни безжично и магнетно се прилепува на уредот. Двоен допир на страната на пенкалцето е команда која може да се програмира од девелоперите. За жал еден од недостатоците е што пенкалцето не може да се користи со претходната генерација на таблетот, а ниту пенкалцето од претходната генерација може да се користи со овој таблет.

Кога на таблетот ќе му се додадат тастатура и електронското моливче цената на iPad Pro достига 2230 долари. Ова е сума која за која може да се купат и најдобрите лаптоп компјутери. Прашањето е единствено дали iPad Pro е подеднакво продуктивен како и компјутерите.

Најголем недостаток на уредот не е хардверот. Хардверот е  и повеќе од доволно моќен за речиси сѐ што ќе „фрлите“ на iPad Pro. Најголемиот проблем е што дури и за некои наједноставни решенија, потребно е да се снаоѓате. Нема можност за додавање на надворешен диск или брзо и едноставно префрлање на фотографии од камера на iCloud.

А иако дел од апликациите имаат верзии за iOS, вообичаено се „разводнета“ верзија на оригиналот. Ова е единствената верзија поради која iPad Pro сè уште не е подготвен да го замени компјутерот како главен уред. Барем засега таблетот останува кул и прескап додаток.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии