Дали највиралното YouTube видео на сите времиња ќе спречи интернационален убиец?

Највиралното YouTube видео историјата за чудо не припаѓа на некоја позната личност или популарен производ, туку на лидер на бунтовничка група од Уганда.

Kony 2012 е 30-минутно документарен филм за Џозеф Кони, лидер на Армијата на господовиот отпор од Уганда, кој е баран од Интернационалниот криминален суд за убиствa, силувања и малтретирање на деца. Целта на евладината организација Invisible Children, која стои зад видеото, е да го направи Кони „познат“ пред светската јавност и да му ги разоткрие криминалните дела.

Kony 2012 e објавено на 5 март до сега е прегледано над 70 милиони пати, што го прави највирално видео на сите времиња, вели компанијата за онлајн анализи Visible Measures Corp.

Славата на видeото делумно помогна да се оствари целта. Властите во Уганда ветија дека ќе го фатат Кону жив или мртов. Дополнителен притисок врз нив дојде и од американскиот претседател Барак Обама. Но, сега за сега, Кони останува на слобода.

[youtube]Y4MnpzG5Sqc[/youtube]

7 коментари на “Дали највиралното YouTube видео на сите времиња ќе спречи интернационален убиец?

  1. Дано, вчера објави статија каде плукаш колку непрофесионални биле некои други медиумски портали во однос на информациите што ги презентирале. Тие делења на совети можеше да си ги искористиш овде, и да го провериш изворот на информациите, и секако, другата страна на целава приказна.

    Или си ти имун на своите совети? :)

    1. А другата страна од приказната е…? Џозеф Кони? Ако алудираш на теориите за заговор врзани со нафтата, тоа се само теории и нема да расправам за нив. Погоре коментарот е врзан со претходни активности да се уапси Кони, неколку години пред да се актуелизира прашањето со нафтата.

      Ако пак мислиш на тоа што сум споделил во претходниот коментар, тоа е од Reuters. Повели http://www.reuters.com/article/2012/03/09/kony-ug

    1. "In a renewed push to bring Kony to justice, U.S. President Barack Obama sent 100 U.S. military advisers to the region last year to help Ugandan forces track down the self-declared mystic."

      И ова „In late 2008, the United States backed Ugandan-led air strikes and a ground attack on LRA camps in Congo.“

      И ова: In January 2006, eight Guatemalan "Kaibil" Special Forces soldiers from the U.N. mission in Congo were killed in a botched operation against the LRA in Congo's Garamba National Park.

      Се чини дека потрагата трае неколку години, и дека не се работи за едно вирално видео кое е стартувано сега со заговори што инволвираат нафта.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии