Дали можете да го забрзате вашиот Android телефон?

Имате неколку годишен Android телефон, но забележувате дека, во последно време, е значително поспор од вообичаено?

Доколку тоа е случајот, пред да почнете да разгледувате нови телефони, размислете дали од неодамна имате инсталирано некои апликации и дали е можно тие да се причината за неочекуваното успорување. Во случај да многу го користите телефонот, можно е да е преполн со податоци и апликации. Пробајте да ги избришете оние апликации кои не ги користите или побарајте нивни, помалку захтевни алтернативи. На пример, Facebook (Messenger) имаат Lite верзии кои трошат значително помалку ресурси.

Вториот чекор би бил да го избришете непотребното ѓубре. Постапката за таквото нешто се крие во Files апликацијата на Google.

За одличен увид за искористеност на просторот, користење ресурси од апликации и ред други работи кои влијаат на оптимизацијата, ви ја препорачуваме апликацијата CCleaner.  Со неа, се вршат секојдневни анализи на начините на кој се трошат вашите ресурси и релативно точно можете да знаете која апликација си зема за право не само да го успорува телефонот, туку и да ја троши батеријата.

Претпоследно нешто што би ви препорачале е да пробате да ги исклучите анимациите. Опцијата за таквото нешто се наоѓа во Developer Options, но за да пристапите до нив, потребно е да отидете во Settings, па System, па About. Тука, најдете го build бројот на вашиот телефон и допрете го седум пати, едно-по-друго. Откако ќе го направите тоа, вратете се назад кон Settings за да ги најдете Developer options. Во нив, ќе најдете една опција која се вика Transition animation scale. Одберете Animation off и видете дали телефонот ќе биде забрзан.

Како помалку драстична мерка, би можеле да ве советуваме да го рестартирате вашиот телефон, особено доколку таквото нешто не сте го направиле подолго време. Како значително подрастична мерка, доколку ништо од погоре не помогне, би ве советувале да направите фабричко ресетирање, каде се што имате на телефонот се брише, односно се враќа во онаа состојба како кога сте го купиле телефонот. Имајте во предвид дека сите фотографии и видеа и музика што ги имате складирано во меморијата во телефонот ќе бидат избришани, како и пораки, апликации и ред други работи. Можностите за Reset обично се наоѓаат во Settings, па во General Management.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии