Дали може да препознаете говор на омраза на интернет?

Што е говор на омраза? Ова прашање беше постојано одговарано на меѓународната конференција е-Општество 2014, бидејќи сите говорници кои се имаат соочено со овој проблем, сфаќаат дека проблемот е што граѓаните не можат да ja препознаат оваа штетна форма на комуникација. Едукацијата, велат тие, е од најголема важност ако сакаме да ставиме крај на говорот на омраза, офлајн или онлајн, но се сложуваат и дека не е толку лесно да се едуцираат граѓани кои израснале во загадена средина.



Препознавање и осудување на омразата е клучен фактор, но за жал во Македонија нема јавни податоци дека некој бил осуден за говор на омраза, иако тоа е препорачано од ЕУ во последниот извештај, вели Филип Стојановски од фондацијата Метаморфозис. Причината за ова е што често говорот на омраза доаѓа од луѓето што се на моќ, но често доаѓа и од незнаење. Тој наведе пример како „Мојата борба“ на Хитлер се најде покрај „Пиникио“ и други книги за деца во една книжарница. Решението е да се мотивираат граѓаните да се ангажираат во борбата против говорот за омраза.

Уранија Поповска од Хелсиншкиот комитет за човекови права посочи дека говорот на омраза на интернет најчесто е омраза од етничка и сексуална ориентација, и ако првата може да се најдат често на спортски страни на Facebook, втората се појавуваат насекаде. Проблем, вели г-ѓа. Поповска, е што говорот на омраза ги влече корените уште од раните возрасти, од училиштата, каде учителите поставуваат норми за омраза против одредени засегнати групи. „Говорот на омраза се разликува само според медиумите на кој се шири комуникацијата“, вели таа.

Со ова се согласува и Сара Барниер-Лирој од Интернационалниот институт за човекови права и мир, која категорично потврди дека „едукацијата игра важна улога во развојот на младите, и едукацијата за човековите права е најважна од се“.



Но, укажување на што е говор на омраза не е доволно да се спречи таа ограничена комуникација. Треба да се покажат позитивни примери за почит на правата и соживот, вели Милош Ристовски од Центарот за интеркултурен дијалог. Центарот се бори против омразата со куп настани во кои ги инволвираат младите на заеднички активности. Но, често и настаните можат да се покажат како катализатори на омразата во општеството, посебно во Македонија.

Петрит Сарачини од Македонскиот институт за медиуми, кои стојат зад порталот Bezomrazno.mk, вели дека нивната цел е да објавуваат разни видови содржина – од ТВ дебати до објавување на легислативи и закони – кои ќе ги истакнат примерите на омраза, и ќе им помогнат на луѓето да им се спротистават. Но, истовремено вели дека во Македонија, посебно властите засега не се отворени за соработка.

„Говорот на омраза е забранет со закон за медиуми, но нема казни, ниту интерес од обвинителството. Може да се бориме против ова само преку медиумска писменост, или деконструкција и мапирање на говорот на омраза, со позитивен активизам и постојано предизвикување на системот“, вели тој.

Без врска дали е онлајн или офлајн, говорот на омраза е штетен посебно за едно мултикултурно модерно општество како што е македонското. Проблемот секако дека лежи во едукацијата на граѓаните, кои едноставно не знаат да го препознаат, ниту се свесни за штетата што може да ја направи омразата, но исто така не се свесни дека и често со игнорирање го потпомагаат тој да се развие.

Препорачани сајтови за борба против говорот на омраза:

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии