Дали минијатурните телефони се враќаат во мода?

Дејан Соколоски

во Мобилни

Неодамна беше претставен минијатурниот телефон Palm, уредот за жал ќе биде достапен единствено за корисниците на Verizon. Но, дека можеби постои и поголем интерес за помали уреди покажува и јапонскиот телеком NTT Docomo.

Производител на Card Keitai KY-01L е Kyocera. Компанијата на своите корисници ќе им понуди минијатурен и минималистички телефон. Уредот доаѓа со две копчиња, десетина функционалности и е-инк екран. Телефонот е доволно малечок што може да се чува и во кутија за картички. Уредот има можност за испраќање и примање на пораки, за телефонски разговори, се поврзува на интернет, но нема камера и можност за користење на други апликации. Ќе биде достапен следниот месец, единствено во Јапонија за цена од 280 долари.

Станува збор за дополнителен втор телефон за сопствениците кои поседуваат голем телефон како примарен уред. Ако мини-телефоните се покажат како успех ќе отворат интересна тема, што со паметните часовници? Паметните часовници требаше да ја имаат токму оваа улога на дополнителен уред кој е постојано достапен при рака, и е лесен за манипулирање.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии