Дали Македонија е навистина меѓу четирите држави со најбрз развој на ИТ услуги во светот?

ИТ министерот Иво Ивановски вели дека на Светскиот самит за информатичко општество во Женева, Македонија е оценета од страна на Обединетите Нации како една од најдобрите земји во светот кога станува збор за развој на широкопојасен интернет, високиот степен на застапеност и новата генерација на мобилни мрежи.

Оваа е голема пофалба за „информатичкото општество“ како што властите ја промовираат Македонија, но дали е ова вистинското мерило на ИТ способноста и развојот во земјата? Или е само уште еден типичен ПР спин кој во реалноста не значи ништо за корисниците и граѓаните?

Според Заводот за статистика, околу 55 отсто од македонските домаќинства се поврзани со Интернет, односно 56 отсто од корисниците се на интернет. Од нив 46,5 отсто користат широкопојасен интернет, што е добар напредок споредено со, пример 2007 година кога 21 отсто од домаќинствата имаа широкопојасен интернет. Но, пристап до интернет не значи дека 900.000-те корисници на Facebook знаат, умеат и користат други веб сервиси и придонесуваат на некој начин кон развојот на ИТ во земјата. Тука ги вклучуваме и веб сервисите на е-Влада за кои што е потребно да видиме јавно објавена статистика за посети и користеност пред да кажеме дали се успех или не.

МИОА ретко споделува линкови, ниту кога се работи за сериозни извештаи од ОН или ЕУ, но благодарение на Google наидовме на извештај од мај 2012 година од Широкопојасната комисија за дигитален развој во рамките на ОН. Овој извештај за Македонија е еден од четирите студиии на случај, кои, претпоставувам, МИОА ги толкува како „најуспешните четири држави во светот според развој“. Верувам дека тој е тој извештај за кој говори МИОА бидејќи во него се дискутира за сите клучни точки кои ИТ министерот ги споменува, вклучувајќи нов Закон за електронски комуникации и Wi-Fi точки во руралните средини.

Во тој извештај се вели дека Македонија е првата земја во Јужно-источна Европа која воведе комуникациски закон базиран на EU 2003 Regulatory Framework, и заради тоа македонските закони се добро израмнети со европските, кои се потребни за подготовка на земјата за влез во Унијата. Сите иницијативи од македонските власти за воведување нови ИТ регулативи се во склоп со Нaционалната стратегија за развој на електронски комуникации со информатички технологии на која МИОА држи будно око од почеток на 2012-та година, заедно со Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) која е задолжена за стратегија за фиксните и мобилните мрежи.

„Стратешките документи на македонската влада покажуваат дека се посветени да ја трансформираат земјата во информатичко општество и да ја поттикнат македонската економија да се раздвижи кон модерна економија основана на знаење.“, се вели во заклучокот во извештајот на комисијата на ОН.

Но, документите само поставуват законска основа. Сега тие треба да се имплементираат соодветно во реалноста, која, според мене, а сигурно ќе се сложат многумина, е далеку од „информатичко општество“. Прво што недостасува е знаење на граѓаните да користат сервиси надвор од популарните друштвени мрежи. Ставање над 500 киосци со Wi-Fi интернет во рурална средина нема да му помогнат некому кој нема лаптоп, ниту пак знае што да прави со него. Потребни се поквалитетни, поедноставни и побезбедни веб сајтови и сервиси кои ќе обезбедаат соодветни услуги и информации на граѓаните. Потребно е подобра поддршка на бизнис секторот да се стимулира да креира и користи веб сервиси. Отварање 100 продавници за 100 бизниси нема да го тргнат стравот од користење на кредитни картички на интернет што е присутен кај граѓаните, ниту фактот што едноставниот за користење PayPal не е достапен во Македонија. Отворени и јавни е-услуги се одлична идеја, но треба да се имплементира како што треба.

Според Светскиот економски форум и неговиот индекст за ИТ развиеност, Македонија е 66-та земја во светот, што е напредок од 2011-та година кога беше на 72 место. Тоа е напредок да, но погледнете со каква оценка се оценети бизнис секторот и нивниот капацитет за иновации. Кликни на сликата за целиот извештај.

Џабе се тапкаме по рамо г. Ивановски за добриот „развој“. Искрено џабе значи и ПР спинот во медиумите бидејќи граѓаните и публиката за кои е наменет тој спин и тој развој нема да го разберат. Тие не знаат што е широкопојасен интернет.

Доколку мислите дека грешам, г. Ивановски, еве уште една покана до вас од нас – повелете да организираме едно јавно интервју на Twitter, на Facebook, да ги поканиме тие што ги интересира ИТ секторот во Македонија и да видиме како да помогнеме за вистински развој. Не ги заборавaјте и статистиките за владините веб сервиси.

[youtube]FFczWNf1mQk[/youtube]

3 коментари на “Дали Македонија е навистина меѓу четирите држави со најбрз развој на ИТ услуги во светот?

  1. Brzinata na razvoj e relativna vrednost za sekoja drzava. I mozebi rabotite se odvivaat brzo vo Makedonija. Ako si imal 10 firmi i sega imas 20, si se razvil mnogu pobrzo otkolku ako si imal 10 000 firmi i sega imas 13 000.

    Ako imas drzava od 2 000 000 i primer napravis infrastruktura/servis sto pokriva 500 000, mnogu lesno ke se iskacis na vrvot so relativnite brojki. Toa e matematika za marketing. Ako imas 350 000 000 lugje i napravis servis dostapen za 50 000 000 lugje, togas, vo relativni brojki si mnogu poslab od Makedonija, a vo apsolutni brojki si ja nadmasil 1000 pati.

    Vo svetot, primer London ima investiciski fondovi so godiesen budzet od 500 000 000 funti. Kolku startapi vo Makedonija dobile 100 000 evra investicija da izgradad globalen biznis?

    Se nerviram so kampanji so relativni brojki.

  2. 100 prodavnici … za 100 biznisi, ispadna samo 31prijava dobile …. i seto toa e samo za da mu napravat biznis na tc.mk. Koj go videl tenderot znae kolku e mizerno napisan za ovoj ponuduvac. Mizerna i zalna Makedonija. Toj sto saka da pravi web prodavnica nema da ceka ministerot na korumpiran nacin da mu otvori, dozvoluvajki samo 50proizvodi po prodavnica, pravejki mu usluga na svojot prijatel. Mizerija!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии