Повеќето гласови на анкетата отидоа за „Не.“ Повеќето не користат локализиран, преведен на македонски софтвер бидејќи, како што велат членовите, полесно се снаоѓаат со англиските термини отколку со македонските. Дел од членовите велат дека не им се допаѓа преводот, но мнозината објаснуваат дека веќе се навикнати да користат англиски софтвер и им е тешко да се снајдат со преведените програми на македонски.

Секако членовите на форумот се ИТ луѓе, користат разновидни програми за кои мора да ги знаете англиските термини за да ги користите, па од таму доаѓа и навиката.

„Секој што сака да стане информатичар треба да има добро познавање од англискиот јазик, барем ја така мислам.“ вели Cika.

Но, од друга страна, локализираниот софтвер е одличен за тие што не го разбираат странскиот јазик, или пак за почетниците да им се објаснат функциите.

… сподделете дали користите локализиран софтвер и зошто?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии