Дали конечно ќе добиеме Dislike копче?

Појавувањето на Google+, кој веќе брои над 25 милиони корисници, очигледно предизвика паника во Facebook. Според извори од компанијата, во изминатиов период интензивно се работи на нови промени во корисничкиот интерфејс, како и на дополнување на веќе постоечките опции.

Според Wall Street Journal, Facebook планира да ја зголеми количината на информации кои ни се појавуваат во нашиот стрим. Овој потег би требало да ги задоволи девелоперите и брендовите, кои се незадоволни поради тоа што сега корисниците можат и да ги пропуштат нивните пораки. Затоа, сега стримот најверојатно ќе вклучува верзија која е нефилтрирана т.е. во стримот ќе можат да се видат сите активности кои ги прават вашите пријатели, како и активностите на страниците кои ги имате лајкнато.

Facebook исто така работи и на тоа да ја прошири функционалноста на Like копчето. Facebook ќе им овозможи на девелопери да креираат разни Like копчиња, кои ќе преставуваат различни значења, и ќе им овозможат на компаниите да дознаат кои производи корисниците би сакале да ги купат, или на кои места би сакале да одат. Овој потег ќе го обезбеди Facebook со дополнителни податоци за корисниците.

Секоја година Facebook организира конференција за девелопери, наречена F8. Се претпоставува дека на годинешната конференција ќе бидат детално претставени новите проекти кои моментално се развиваат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии