Дали компулсивното играње видео игри навистина е здравствен проблем?

Месецов се креваше прашина и откопуваа борбени секири околу тоа дали компулсивниот гејминг му пречи на нормалниот развој. Епицентарот на сево ова се наоѓа кај светската организација на здравје која направи ревизија на нивниот прирачник за класификација за болести. Според здравствената агенција, компулсивното играње видео игри се смета за ментална, здравствена состојба, односно попреченост во нормално функционирање. Како резултат, родителите станаа загрижени за нивните деца, а гејмерите лути за можната стигматизација на преголемиот број млади гејмери. Како и со сите работи, така и со оваа се доаѓа до проблем доколку работите се набљудуваат на површина и кога инстантно се хранат примарните потреби, независно дали се работи за страв, или бес. Навлезете подлабоко во проблематиката и ќе забележите дека работите воопшто не се толку црни како првичните впечатоци.

Според светската организација за здравје (WHO – World Health Organization), ваквата класификација е вметната во прирачникот за да им помогне на владите, семејствата и социјалните работници да бидат подобро подготвени за да ги препознаат можните ризици. Агенцијата и нивните експерти во бројни наврати потенцираа дека ситуации на состојба каде има вистинска попреченост од компулсивно играње видео игри е исклучително мала и се однесува само за 3% од сите гејмери.

Др. Шекар Сахена, директорот на WHO одделот за ментално здравје и злоупотреба на супстанци, се изјасни дека агенцијата се сложила да го прифати предлогот дека гејмерското нарушување треба да се вметне во категоријата како нов проблем заснован на научни докази, паралелно со „потребата и барањето да се овозможи соодветно лекување во многу делови од светот.“

Звучи загрижувачки, нели?

Др. Џоан Харви, претставник на британското општество од психолози апсолутно се сложува дека ваквата ознака може да предизвика непотребна загриженост помеѓу родителите.

„Луѓето треба да разберат дека ова не значи дека секое дете што ќе помине неколку часови во нивната соба така што ќе игра игри е автоматски зависник; ако е така, тогаш здравствените установи ќе бидат преплавени со повици за помош.“

Од друга страна, одредена група луѓе ги поздрави напорите за оваа класификација затоа што, според нив, луѓето кои се зависни од видео игри се обично тинејџери и млади умови кои не бараат помош. Еден таков мислител е и Др. Хериета Боуден-Џоунс.

„Наидуваме на родители кои се крајно вознемирени, не само затоа што го гледаат детето како повторува година на училиште туку и затоа што гледаат како целото нивно семејство се распаѓа.“, објаснува докторката без и да биде, претпоставуваме, свесна дека таквата трагична приказна би можела е резултат на многу поозбилни семејни растројства чии корени немаат никакви допирни точки со игрите. Според истата докторка, која е претставник за зависности во кралскиот колеџ на психијатрија во Британија, зависноста од игрите најдобро се лекува со психолошки терапии, но во одредени случаи можат да бидат исклучително ефикасни и одредени лекови. Додека го читате ова, имајте во предвид дека ваквите психијатриски разговори и лечење со пилули се однесува само за исклучително екстремни ситуации каде детето со денови одбива да стане од гејмерската столица, или да навлезе во каква било интеракција со надворешниот свет.

Но, сево ова не е како гром од ведро небо. Уште во 2013 година, американското друштво од психолози опоменува на опасностите од ваквата зависност и дека потребни се дополнителни клинички истражувања и искуства пред да може да се вклучи нарушувањето во нивниот прирачник. Она што тие до тој момент имале било истражување засновано на младите луѓе од Азија.

„Истражувањето покажало дека кога таквите лица се имаат вовлечено во ММО игрите, во мозокот се случуваат одредени реакции кои се слични како кога на мозокот влијае одредена наркотична супстанца. Играњето резултира со невролошки одговор кој влијае на чувствата за задоволство и награда. Како резултат, во одредени екстремни ситуации, може да се манифестира зависно однесување.

Др. Марк Грифитс го истражува концептот за нарушување од видео игри веќе триесет години и според него новата класификација може да помогне да се даде цврстина на проблемот и да се зајакнат стратегиите за лекување.

„Играњето видео игри“, почнува докторот, „ е како не финансиска форма на коцкање, но од психолошка гледна точка. Коцкарите користат пари како начин да се одржи одреден резултат, а гејмерите користат поени.“ Професорот претпоставува дека бројот на играчи кои имаат ваков компулсивен проблем е екстремно мал и не помал од 1 процент и дека оние луѓе кои имаат ваков проблем имаат и ред други, како депресија, биполарно нарушување, па дури и аутизам во една или друга форма. Др. Грифитс објаснува дека за повеќето играње игри е ништо повеќе од забава.

Но, Др. Шекар Сахена, сепак предупредува дека ризикот е вистински.

„Ако видео игрите се вмешуваат во функциите кои е очекуваат од еден индивидуалец, како учење, социјализација или работа, тогаш мора да сте внимателни и, можеби, и да побарате помош.“, советува докторот Сехена.

2 коментари на “Дали компулсивното играње видео игри навистина е здравствен проблем?

  1. Многу пристрасно напишан текст. Ако авторот сака да дебатира со лекарите, треба да понуди научни аргументи, а не само да ги дисквалификува нивните тврдења кои не му годат. Проблемот постои и треба да се делува, па колку сака нека се малку зависните гејмери. Колкава бројка се тие 3% од вкупниот број? Колкав процент од тие што пијат алкохол се зависни алкохоличари? Се што е компулсивно треба да се третира.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии