Дали има вистина во видеоигрите? Mythbusters ги тестираат Doom и Fruit Ninja

Последната епизода на Mythbusters, супер забавното шоу на Discovery, е потполно посветено на митовите од видеоигрите. Тимот ги испитуваше Fruit Ninja и Doom, во обид да се провери колку гејмплејот е блиску до реалноста. Mythbusters рушат урбани митови, па една од задачите сега им беше да проверат дали вистинските овошја се поденакво едноставни за сечење како дигиталните во Fruit Ninja. Се разбира кога станува збор за Џејми и Адам ова не можеше да помине без спектакуларни сцени со катана и моторна пила.

Сепак ѕвезда на вечерта е легендарната Doom за која тимот креираше и специјално ниво, но го повикаа и Тим Вилитс од idSoftware како специјален гостин да им помогне во креирање на дигитална верзија на просторот за тестирање. Брендан Шауб од UFC се погрижи да докаже дека митот дека супер фит протагонист сепак нема да биде забавен доколку со себе носи куп опрема.

[youtube]0UDwK153nLI[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии