Дали и Ubisoft ќе нуди месечна претплата за игри?

Се чини дека моделот со претплата зазема сè поголем замав и пушта флексибилни корени и во гејмерската индустрија.

Иако сѐ уште не е официјално потврдено, издавачите Ubisoft би можеле набргу да понудат Ubisoft пропусница. Сликата која сосема случајно се најде на нивниот сајт беше молневито брзо повлечена. Меѓутоа, страната на која се најде, односно одделот Ubisoft Subscription и понатаму е функционален, што нѝ кажува дека Ubisoft не го кријат фактот и дека вести за претплата би можеле да добиеме исклучително бргу.

Нешто повеќе од две години како издавачите ЕА нудат претплатнички модел каде за 25 евра годишно (или 4 евра месечно), претплатниците уживаат во над 195 игри, како и 10% попуст во продавницата Origin. Таканаречениот Origin Access се покажа профитабилен и затоа што нуди ексклузивни пробни периоди со најновите игри. Набргу потоа, ЕА понуди и повисок столб на претплата. За годишна претплата од 100 евра (или 15 евра месечно), гејмерите добиваат пристап и до најновите игри, со што бројката од игриви наслови се зголемува на 205.

Со оглед на долгогодишната солидна функционалност на клиентот на Ubisoft, воопшто не нè изненадува ваквото можно проширување на uPlay. Пред неколку месеци, Ubisoft најави дека uplay поените ќе бидат со рок од траење од две години. Исклучително сме љубопитни да видиме дали претплатата ќе може да биде купена и со таквите дигитални поени кои се добиваат со играње на нивните игри. За крај, знаеме дека постои Ubisoft Pass Premier, што значи дека би можело да има и некаква Basic претплата. Времето ќе покаже колку би чинеле и што би можеле да нѝ понудат.

1 коментар на “Дали и Ubisoft ќе нуди месечна претплата за игри?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии