Дали и ноќниот режим за екранот е лош за спиење?

Не е никаква тајна дека работа на телефон пред спиење воопшто не се препорачува. Како една од клучните причини за тоа се наведува плавото светло од екраните кое го „лаже“ мозокот дека се работи за ден и дека не е време за спиење. Згора на тоа, светлото е исклучително штетно за очите во слабо осветлени простори.

Поради сево ова, во последните неколку години се користат апликации кои наметнуваат ноќен режим, односно, не само што ги затемнуваат екраните туку и провлекуваат нежен, жолт слој кој е поприфатлив од очите.

Доколку може да се верува на едно истражување од универзитетот во Манчестер, ноќниот режим воопшто не помага. Според истражувањето, плавото светло на телефонот можеби и не влијае на нашите навики за спиење, туку самиот ноќен режим. Од тестовите кои ги вршеле на глувци, истражувачите откриле дека плавото светло помалку влијаело на нивниот телесен часовник отколку жолтото светло. Според Др. Тим Брaун, не држи вода верувањето дека плавото светло го има најсилниот ефект во овој поглед. Тој смета дека плавите бои се асоцираат со самрак и дека имаа послаб ефект од белите и жолтите бои. Од истражувањето произлегува дека во ноќните часови подобро е да се наметнуваат ладни бои, а за време на денот да има потопли бои.

Ова е само едно размислување и само едно толкување. Нашиот совет, меѓутоа, и понатаму останува да пробате да ја намалите зависноста од телефоните во вечерните часови, а моментите пред спиење да бидат исполнети со нежна музика или добра книга.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии