Дали Huawei навистина е безбедносен проблем?

Минатата недела веројатно беше една од најтешките за Huawei. САД ја стави компанијата на „црната листа“ и голем дел од американските компании ја прекинаа соработката со Huawei. Претседателот Доналд Трамп изјави дека и спорот со Huawei ќе биде дел од решението на трговската војна. Со оглед на тоа дека Huawei е безбедносен проблем, ваквото решение на спорот е несериозно.

Токму оваа најавата на претседателот на САД дека решението на овој спор ќе биде дел решението за трговското ембарго отвора прашањето, „Дали навистина станува збор за безбедносен проблем?“. Доколку компанијата ги споделува податоците со властите во Кина, без сомневање треба да остане на листата. Какви отстапки би можеле да бидат направени за безбедноста да не биде доведена во прашање, останува да видиме.

Минатата недела Google објави дека поради ставањето на Huawei на „црна листа“ ќе мора да направи ограничувања за оперативниот систем за овој кинески производител. Производителот најави дека наскоро ќе бидат подготвени со сопствен оперативен систем, а најрано ова би можело да се случи наесен.

Huawei има 90 дена да се подготви пред санкциите и официјално да стапат на сила.

Но, оперативниот систем не е единствениот проблем за производителот. Huawei го изгуби своето членство во SD Association. Ова значи дека компанијата нема да има влијание во одлуките за стандардизација на SD картичките, но нема да можат да користат ниту официјално брендирање од асоцијацијата. Засега корисниците ќе можат и понатаму да користат SD и microSD картички. За иднина ова не е преголем проблем со оглед на тоа дека Huawei развива свои „Nano“ мемориски картички.

Поголем проблем за производителот е најавата дела Intel, Qualcomm и АMD ќе престанат да испорачуваат делови. Huawei има доволна залиха на делови за ова да не биде сериозен проблем во блиска иднина, а компанијата веќе работи и на сопствени чипови.

Слично како Google претходно, најава дека ќе ги почитува санкциите дојде и од Microsoft. Ова главно се однесува на Windows оперативниот систем и сервиси за лаптоп. Microsoft засега е единствената компанија која објави дека не ја прекинува соработката со Huawei  и оваа „пауза“ во соработката на двете компании е привремена.

Дел од експертите проценуваат дека продажбата на Huawei во ова тримесечје може да се намали помеѓу 4 и 24%, пренесе Reuters. Телефоните ќе имаат проблем со продажба на пазарите во Западна Европа и Северна Америка, но компанијата би можела да преживее и само од кинескиот пазар.

Секако „приказната“ за трговската војна нема да заврши тука. Кина најавува дека работи на подготовка на сопствен закон со кој американските компании ќе бидат блокирани во Кина. Ова всушност се однесува на голем дел од компаниите кои го блокираа Huawei. Според најавите Google, Intel, ARM, Qualcomm и куп други компании нема да можат да се користат во кинеските производи, пренесе South China Morning Post.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии