Дали Google треба да се плаши од влегувањето на Microsoft на пазарот на таблет компјутери?

Неделава Amazon ќе го претстави наследникот на Kindle Fire, кој, според нив, е најраспространетиот Android таблет компјутер до сега. Сепак, како што забележува The Verge, Kindle е прилично далеку од другите Android уреди. Пред се, тоа е алатка која овозможува пристап до содржините на Amazon.

[youtube]4JwfRmzlIsw[/youtube]

Барем што се однесува до таблет компјутерите, оперативниот систем не е пресуден за изборот на најголемиот дел на корисниците. Најголемиот дел од нив се заинтересирани за содржините (апликациите) кој доаѓаат во пакет со таблетот. За жал Google Play сè уште нема содржини како App Store или Amazon. Еден од проблемите е што Android апликациите прават помалку пари од тие на iOS, но центарот за апликации на Google е сепак „најмлад“.

Ако постоењето на „еко-систем“ со апликации за Android таблет компјутери е во најдобар интерес на производителите на овие уреди, дали можеби сите треба да размислат и освен хардвер да поработат и на содржини кој ќе ги нудат со таблет комјутерите, иако можеби доволна би била и поголема соработка со Google. За доброто на корисниците и платформата потребно е да се намали фрагментацијата на Android и да се понуди едно добро корисничко искутво, и тоа треба да се направи пред другите конкурентни да го искористат проблемот за своја корист.

[youtube]YMQdfGFK5XQ[/youtube]

Verge потсетува на една изјава на Google во 2005-та година во која пребарувачот предвидува доминација на Microsoft и на пазарот на таблет комјутерите, доколку не се појави слободна платформа која, интересно, Google ја стартуваше. Седум години подоцна отворениот Android е најраспростанетиот ОС.

Но, зборуваме за Microsoft кој има доволно алатки во своите раце да доминира и на овој пазар. Најпопуларниот оперативен систем Windows сега ќе биде ист за таблет комјутерите, телефоните и персоналните комјутери. Освен тоа, Microsoft помина неколку години додавајќи нови содржини на Xbox мрежата која ќе биде синхронизирана со ОС-от. А не треба да се заборават и плановите на Microsoft за стрим на игри преку оваа мрежа. Microsoft како свој партнер ја има Nokia која, иако во лоша транзиција, сепак до неодамна беше најголемиот производител на телефони. Ќе биде интересно и да се види што ќе прават „неутралните“ производители на таблет комјутери. Најголем проблем може да е и недостигот на посветеност на компаниите кои ги произведуват таблет комјутерите, кои не се целосно посветени само кон Android.

[youtube]dpzu3HM2CIo[/youtube]

И покрај проблемите со фрагментацијата, лошите апликации и не ретко лоши уреди со кои се соочуваат Android пазарот, нивната продажба е во пораст. Според strategyanalyst во вториот квартал годинава се продадени 7,3 милиони Android уреди, наспроти 4,4 милиони минатата година. Сепак севкупно, процентот на Android уреди останува на 29 отсто. Овие податоци се пред на пазарот да влезе Nexus 7 кој без сомневање ќе ја зголеми застапеноста на Аndroid. Но, овие податоци се и пред Microsoft да го стартува Surface и Windows 8.

Сведоци сме на интересна битка за доминација на „пост-PC“ eрата. Аpple е во одлична позиција со добри партнерства, лојална публика и квалитет, Android и Google се доминантни според распространетоста, додека Microsoft го има брендот Windows кој ги оддржува на врвот над 20 години.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии