Дали Everipedia е новата Wikipedia?

Wikipedia e една од најдрагоцените веб дестинации и ризница од непресушно знаење. Но, како и сите други работи, не е без мани. Everipedia е дигитална енциклопедија која не е тука да ја замени Wikipedia, но лесно може да понуди освежителна разонода со значително помодерниот дизајн и малку поразличен начин на функционирање.

Everipedia се темели на принципот и содржините од Wikipedia, но дозволува на секого да вметнува статии на која било тема, под услов таквиот допринос да е пропратен со барем еден цитат. На овој начин, Everpedia не е контролирана од исклучително мал тим, туку користи blockchain технологија за да охрабрува поголема и подемократска заедница.

Во случај да решите и вие да допринесете со некоја статија или надополнување, ќе бидете наградени со таканаречени „IQ токени“ кои, потоа, можете да ги користите за да гласате на нови статии или промени.

Најголемиот дел од корисниците се чини дека се првенствено импресионирани од модерниот дизајн на самиот сајт. Како ви се на вас допаѓа?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии