Дали емотиконите ќе му помогнат на Twitter со рекламите?

Во потрага по подобар начин на рекламирање и подобра интеракција на корисниците со рекламите, Twitter ќе се обиде да ги искористи и емотиконите. Функционалноста, која е достапна глобално, ќе им овозможи на огласувачите да ги таргетираат корисниците кои користат специфичен емотикон. Идејата е да се користат емотиконите како индикатор за расположението на корисникот.

„Секогаш сме во потрага по подобро фокусирање на нашите реклами, ова ни овозможува поголема ангажираност од корисниците и подобри перформански за брендовите. Возбудени сме да oбјавиме таргетирање преку емотикони, кое е достапно навреме за светскиот ден на емотиконите – 17 јули“, вели Twitter на својот блог.

Емотиконите би можеле да бидат некаков показател за расположението на корисникот, но пофокусираните емотикони како „пица“, може да помогнат Twitter да започне да рекламира пицерии, или знамињата би можеле да им покажат која држава ја поддржуват на спортски настани, но и националноста на корисникот, што потоа би помогнало за таргетирани реклами. Само последниве години, од 2014 година до сега, споделени се над 110 милијарди твитови, и добар дел од нив користат емотикони.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии