Ова ме доведува до друго прашање. Дали македонските корисници ќе знаат да го користат тој сервис? Друштвените мрежи веќе се стандард за младите и постарите кои се „закачени“ на интернет, но Twitter е комплетно нов сервис чии преформанси и можности сеуште се истражуваат. Дури и наједноставната и практична употреба на сервисот, преку мобилен телефон во Македонија е ограничена, односно блокирана од самите оператори. Но како напредува технологијата така интернет преку мобилен станува се повозможно нешто за пошироката публика.
Twitter се покажа како одличен за брзи, кратки изестувања и вести, меѓутоа користењето на Twitter како алатка за комуницирање со другарите може сериозно да ги спамира другите кои и баш не се заинтересирани за секој сегмент од нечиј живот.
Мислење дека сервис како Twitter за сегментирана публика може да успее. Пример ќе го наведам хрватскиот start-up Shout’em кој нуди платформа за персонализиран сервис за микро-блогирање, со ограничен број на корисници. Повеќе за Shout’em тука и тука. Зошто го споменувам Shout’em на оваа тема? Затоа што платформата доби одлични критики на LeWeb ’08 и доби интересна сума за понатамошно развивање. Значи идејата за микро-сервисот за затворена група, било компанија или друштво, не е нова, а исто така не е ни лоша. Интересот постои.
Можете да се вклучите на дебатата за „македонски Twitter" на Kajмак.от, а доколку сакате да гласате за ова тука.
Како што реков ова е мое мислење, верувам дека е можно, меѓутоа не може да се знае што ќе читаме на сервисот. Бидејќи сега на IT.com.mk има опција за коментирање :) … вашето мислење е…?