Дали е ист офлајн и онлајн моралот на помладите?

IT.mk редакција

во Веб

{mosimage}Дали моралот и воспитанието од реалниот живот, најмладите корисници на интернетот го пренесуваат и во „виртуелниот“ свет? Ова е едно од прашањата со кое се занимава студијата насловена како „Пол, раса и морал во виртуелниот свет и неговата поврзаност со моралот во реалниот свет“. Студијата, објавена во Sex Roles журналот е направена од
истражувачите од универзитетот во Мичиген, САД и е спроведена со 515 седмооделенци кои одговарале на прашања поврзани со разни „виртуелни“ дејности како ширење на вируси, праќање на е-маил со одговори од тестовите на пријателите, гледање порнографија и праќање на сексуално имплицитни онлајн пораки кон странци. Тие одговори биле споредени со исти такви, но кои се однесувале на реалниот живот: препишување на тестови, малтретирање соученици, лажење на родителите и расправање и малтретирања на расна основа.

Истражувачите откриле дека колку повеќе се користи интернетот, толку повеќе децата се свесни за „интернет опасностите“, но велат дека моралот во реалниот свет, иако влијае, сепак малку учествува во „онлајн“ моралот.

„Мораме подобро да разбереме како тие го сфаќаат тој свет, дали тие навистина гледаат на него како на нешто оделено. Можете да замислите како детето го развива тоа сетило, бидејќи 9 пати од 10, детето ќе знае повеќе за тој свет отколку неговите родители. Може да му даде чувство дека
‘Moжеби родителите знаат многу за реалниот свет, но кога сум јас онлајн, тогаш јас сум во мојот свет’. И така тие погрешно сфаќаат дека има приватност, исклучително меѓу децата од средна класа и тие од повисоката кои имаат свој сопствен компјутер“ вели Линда А. Џексон, професор по психологија на универзитетот.

{mosimage}

Таа дава пример дека сите деца кои биле прашани дали би прифатиле онлајн одговори за тестот „Без размислување, сите одговорија не“, но биле спремни да ги преземат одговорите кога биле објавени онлајн. „Тие не гледаат порвзаност меѓу реалниот свет и тоа што се случува онлајн“ вели г-ѓа. Џексон.

За овој проект истражувачите од универзитетот во Мичиген добиле 750.000 долари грант за три години. Во меѓувреме додека се дојде до „подлабоко разбирање за тоа што децата мислат што е ОК а што не е ОК кога се онлајн“, како што вели г-ѓа. Џексон, им препорачуваме на сите родители да го разгледаат сајтот „Безбедно на интернет“ каде можат да се најдат едукативни информации како за децата така и за родителите.

А за најмладите сурфери, т.е. за родителите на најмладите сурфери им препорачуваме како почетна страна на нивниот прелистувач да си го стават пребарувачoт за деца Kidrex, кој поради тоа што е англиска верзија има свои огранiчувања за македонскиот јазик, но сепак може да биде корисен.

{mosimage}



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии