Дали двајца сенатори го пронајдоа решението за Facebook?

Се чини дека можеби наскоро ќе дознаеме колкава е желбата на корисниците да добијат персонализирани маркетинг содржини. Расправата во конгресот трае, но сенаторите Едвард Макри и Ричард Блументал поднесоа едноставно законско решение кое може да реши многу проблеми.

Законот е со трапаво и долго име – Customer Online Notification for Stopping Edge-provider Network Transgressions (CONSENT) Act. Сепак она што треба да го направи законот е преку Федералната комисија за трговија да се обезбеди заштита од крајните провајдери на содржини, како Facebook и Google.

Еве што би предвидувало законското решение:

  • Крајните провајдери треба да обезбедат дозвола од корисниците да користат, споделуваат или продаваат податоци
  • Потребни се соодвети практики за заштита на податоците
  • Потребно е провајдерот на сервис да го извести корисникот за собирањето, користењето и споделувањето на собраните податоци
  • Провајдерите треба да ги известат своите корисници во случај на пробивање на заштитата
  • Законот ќе го спроведува Федералната комисија за комуникација.

Решениeто е едноставно, нaместо корисниците да одбираат да не учествуваат со своите податоци, корисниците ќе одбираат да учествуваат. Основното нагодување треба да биде исклучено споделување на податоци, а ако корисникот сака ќе може да ги сподели.

Решението се однесува на Facebook, но и на Google, а и на секоја компанија која собира податоци од корисниците.

Во текот на целото преслушување г. Закерберг објаснува дека корисниците ги имаат своите податоци во раце, а набрзо тоа може и навистина ќе биде така.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии