Дали друштвени мрежи се преценети? (инфографик)

Тоа што се случуваше во 2000-та кога пукна првиот „точка-ком“ балон, кога се инвестираше нереално многу во интернет компании кои никогаш не остварија профит, можеби се случува и сега.

Skype беше купен за 8.5 милијарди долари иако има приходи (не профит) само 980 милиони долари годишно, што е десет пати помалку од вредноста. LinkedIn на јавното надавање достигна вредност од 100 долари по акција, односно вреди 9 милијарди долари, додека профитот на бизнис мрежата е само 12 милиони долари годишно. Дури и Facebook, со својот огромен потенцијал, се оценува 37 пати повеќе, со вредност меѓу 75 и 100 милијарди долари, иако неговиот годишен приход е само 2 милијарди долари.

2 коментари на “Дали друштвени мрежи се преценети? (инфографик)

  1. Дефинитивно се преценети. не дека не вредат, но ова се апсолутно нереални суми.

    Океј, Facebook работи профитабилно, јаде голем дел од маркетинг колачот, но тоа што не е јавно тргувана компанија на берза и нема обврска јавно да ги објави финансиските извештаи му дозволува да ја пумпа и пумпа и пумпа вредноста. А има многу луѓе со многу вишок пари кои треба негде да бидат реинвестирани.

    Уште попреценет е Twitter – да бидеме реални сеуште мака мачи да најде правилен бизнис модел кој ќе му овозможи приходи.

    1. Да, неверојатно е што вредноста на Twitter е 50 пати повеќе од реалниот приход. Иако самиот сервис има огромна општествена вредност за разлика од другите, се користи како медиум, имаше улога во многу чудни ситуации, сепак не знае како да ги извади парите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии