Дали да ја играте Tacoma?

„Дали да ја играте“на кратко ве запознава со најочекуваните игри од месецот. Tacoma е само една од таквите игри за месец август.

Што е Tacoma?

Tacoma е научно-фантастична авантура сместена во технолошко-напреден вселенски брод, во 2088 година. Гејмплејот во Tacoma е од исклучително едноставна природа и се состои од одење и истражување на дигиталните простори, интеракција од прост карактер и органско впивање на приказната која се одвива околу вас. Бидејќи нема ниту битки ниту загатки, на оваа игра инстантно ѝ се прилепува етикетата Walking Simulator – релативно нов жанр кој е силно поткован од игрите како Dear Esther или Gone Home.

Кои се Fullbright?

Fullbright е американско, независно развојно и издавачко студио кое е основано во март, 2012 година. Во 2014 година, осумте вработени успеа да профитираат на носталгичната страна на гејмерите и да соберат бројни награди, неисклучувајќи го и BAFTA фестивалот, со нивната прва игра Gone Home. Охрабрени од ваквиот успех, студиото веднаш ги засука ракавите и се фрли на работа на уште еден производ кој не ве принудува да се нурнете во минатото, како со Gone Home, туку во иднината. Дали таквото нешто доаѓа со цена?

Што мисли светот за Tacoma?

Со 79% Metascore и 92% позитивни рецензии на Steam, одговорот некако се наметнува сам-од-себе. Од видните критичари, Destuctoid делува најимпресиониран и ја прикажува Tacoma како игра за тивкиот истражувач и сочуствителниот гејмер. IGN само се надоврзуваат и жалат што играта не е подолга (трае од 2 до 5 часа), а Game informer сакаат да ја потенцираат квалитетната глума и способноста на тимот да понуди производ во чија основа можеби се крие Gone Home, но сепак се наоѓаат уникатни трикови за раскажување извонредна приказна на привлечен начин. Gamespot ѝ дава 70 поени и, по патот на IGN, смета дека мисловно предизвикувачкиот крај би можел да биде ценет само доколку приказната би била подолга. Одреден број критичари гледаат на играта како на разочарувачки производ со недоволно интересна приказна која не може да стои раме-до-раме со Gone Home (Metro GameCentral) или пак дека приказната е солидна, но е вметната во несоодветна структура која не може, а да не биде здодевна, дури и за фановите на игри со истражување (We Got This Covered).

Што мислите вие?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии