Дали да ја играте Far Cry 5?

Far Cry 5 e излезена, а ние се потрудивме да ги извлечеме најдобрите и најлошите страни на играта како би биле сигурни дека ова (не) е играта за вас!

PC Gamer објаснуваат дека „доколку сте ја играле Far Cry 3 или 4 тогаш точно знаете во што се впуштате.“

„Освен одреден дијалог помеѓу одредени ликови и во ретки ситуации, немам забележано никаква јасна порака или тврдење кои има допирни точки со политика, религија, фашизам или милитаризам.“, PC Gamer

Што е Far Cry 5?

Far Cry 5 е акциона авантура и шутер во прво лице, направен од Ubisoft Montreal, а издаден од Ubisoft за Windows, Playstation 4 и Xbox One.

Како петта главна игра во серијалот, во Far Cry 5 можете да направите уникатен лик и, пеш или со возила, да истражувате огромен отворен свет во алтернативно, модерно доба и тоа на американската територија во Хоуп, Монтана.

GamesBeat и дава 85 поени и се колне дека играта е стабилен производ во кој сигурно ќе најдете нешто забавно, а We Got This Covered се фасцинирани од тоа како Ubisoft Montreal успејале да го извлечат најдоброто од нивните игри и успешно да го вметнат во експозивно пакетче од незаборавна забава и пријатно искуство.

За разлика од претходните игри, Far Cry 5 се одликува и со поголем арсенал од ладни оружја, како би се дала полична димензија на блиските пресметки. Светот е органски пополнет со војни стражи кои треба да ги ослободите така што ќе го елиминирате непријателското присуство преку имплементирање нелинеарни пристапи.

„Играта не е совршена во сите аспекти, но е често исклучително забавна.“, тврдат од IGN Italia и објаснуваат дека огромната мапа има што да понуди, а пукачкото искуство со бројните можности за акција и прикрадување се крајно интересни.

Во играта, народот се држи во психичко заробеништво од страна на религиозен култ кој, во име на повисока сила, зема што сака и како сака.

GamersBeat не се одушевени од приказната и објаснуваат дека Far Cry 5 на моменти страда од криза на идентитет и не знае што сака да биде.

Светот се менува во зависност од вашите акции и граѓаните се враќаат во нивните места откако ќе ослободите одредена територија, дури и можат да ве поддржат и да се борат со вас. Слично на Buddy системот во Far Cry 2, локалците можат да се борат раме-до-раме со вас. Во случај да барате помош од четвороножни пријатели, лесно можете да припитомите диви животни, слично на системот кој беше воведен во Primal. Луѓето кои се борат на ваша страна имаат уникатни способности, а животните имаат најразлични борбени тактики.

„Со нови гејмплеј механики, надградени системи за напредување и силна приказна, како и системот за регрутирање AI и пријатели, Far Cry e производ кој очајно се бараше за овој серијал,“ објаснуваат од GamingTrend

Во Far Cry 5 има толку многу споредни активности, да можете и да се занимавате со риболов. Згора на тоа, го добивате комплексниот едитор, а кампањата можете да ја играте сами или со пријател.

SpazioGames и даваат 80 поени и објаснуваат дека ќе иако ќе ја завршите играта за 25 часа, аркадниот мод, поткован од моќниот едитор, на одличен начин ја зголемуваат вредноста на играта.

На metacritic, играта ужива 81 поен, и, како што можевте да забележите, повеќето критичари се крајно имресионирани и сметаат дека петката не само што е чекор во вистински правец туку и пријатно ревитализирање на еден долго-годишен серијал.

Но, не се сите задоволни со Far Cry 5.

PushSquare признаваат дека шутерот е добар, но игра безбедно во секој можен аспект и целта на Ubisoft им била да пробаат да излезат во пресрет на што поголема маса гејмери. Polygon не сакаше да даде повеќе од 65 поени и објасни дека се работи за одлично оптимизирана игра во отворен свет на која е прикачена срамотно лоша приказна.

Има нешто забавно во Far Cry 5, но финалниот производ ниту допринесува нешто интересно за жанрот, ниту пак за серијалот, тврдат од FANDOM и доделуваат на играта 60 поени.

Најмалку поени (50) доаѓаат од Slant Magazine. Според нив, најголемиот проблем е тоа што има многу мала иновација во механиките за играта и дека по ништо посебно петката не се разликува од четворката.

Што мислите вие? Кажете ни во коментарите или на социјалните мрежи!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии