Едукативниот портал Schools објави интересни податоци од истражување кое се однесува на средствата преку кои читателите стигаат до книгите.  Истражувањата покажуваат дека бројот на читатели на дигитални книги е во пораст и дека 43 отсто од Американците користеле Kindle, iPad, Nook или некој друг уред за читање.

Бројот на таблет комјутери или е-читачи е удвоен во еден месец од декември 2011 до јануари 2012 година, процентот на луѓе кои поседуваат ваков уред пораснал од 10 на 19 проценти. На светско ниво исто така е забележана зголемена продажба, а се очекува до 2015 години бројот на продадени е-читачи да поресне до 30 милиони. Најголем број продадени е-читачи очекувано се Kindle со 62 отсто од целиот пазар, а зад нив се Barnes & Noble Nook со 22 отсто.

Бројот на книги кои ги читаат корисниците кои поседуваат е-читач е 24, а читателите  кои не читаат дигитални книги во просек читаат 15 книги годишно. На прашањето зошто читаат, 25 отсто одговориле дека тоа е поради учење и здобивање на нови информации, 17 отсто да избегаат од реалноста, а 15 отсто читаат од забава.

Најголем проблем кој е пречка за зголемување на популарноста на дигиталните книги се чини дека е недостатокот на содржини. Само 20 отсто од испитаниците изјавиле дека на е-читачи се достапни сите содржини кои ги интересирале. Можеби затоа бројот на читатели кои читаат хартиени книги е многу поголем односно 72 отсто од испитаниците одговориле потврдно на прашањето дали прочитале хартиена книга во изминатата година.

1 коментар на “Дали читате е-книги? (инфографик)

  1. Каде е Македонија во целава приказна? Само се препишува од странски сајтови, или?

    Се читаат ли воопшто книги во земјава?

    Патем, постои ли барем 1 книга на македонски во формат, да речеме за киндл (најпопуларниот читач за е-книги)?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии