Дали Canonical ќе претстави нов Ubuntu паметен телефон?

Во текот на денешниот ден на официјалниот веб сајт на Ubuntu се појави бројaч кој ни најавува дека нешто ќе се случи за 4 денови, а пораката со која е најавено одбројувањето е „the line where two surfaces meet“. Canonical веќе неколкупати на овој начин најавија неколку новости во врска со Ubuntu, а една од нив е Ubuntu Touch за мобилни.

Најновите шпекулации се дека Canonical работи на паметниот телефон. Ubuntu Edge беше откриен со барањето за заштитување кое беше објавено од Phandroid. Дополнително на тоа, доменот UbuntuEdge.com во текот на оваа недела е регистриран од страна на Canonical.

Доколку се отвори изворниот код на страницата, ќе може да се забележи ID селектор со име edge, што ги зголемува шансите дека најавата може да биде за нов Ubuntu паметен телефон. Но да оставиме да поминат следните 4 денови, па официјално да видиме што ќе ни претстават од компанијата.

 

3 коментари на “Дали Canonical ќе претстави нов Ubuntu паметен телефон?

  1. Не знам зошто ама ова најверојатно ке биди нешто налик на Windows 8 RC, драго ќе ми биди ако во иднина видам Ubuntu Phone thumbs up for Canonical!

  2. Добро би било да си го корегирате текстот дека ако сме го отвореле изворниот код ќе сме забележеле КЛАСА со име “edge“ … вероватно не гледаш добро … и најстрашно, го имате означено со црвено … хахахаха

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии