Дали Booking.com не манипулира да изнајмуваме соби?

Дејан Соколоски

во feature, Вести

Сите онлајн сервиси се обидуваат да го задржат вниманитео на корисниците што е можно подолго. Facebook со здодевни нотификации, YouTube со аутоплеј на видеата, Snapchat со чувството на итност – акo не го видиш ова сега, ќе биде избришано.

Сепак, еден од сервисите кои се најманипулативни не доаѓа од друштвените мрежи. Booking.com користи низа алатки за да ве убеди да ја изнајмите локацијата која ја гледате, вели Next Web.

Сервисот користи неколку трикови да не убеди дека цената е најдобрата која сме ја нашле.

Ова е најдобрата локација која сте ја виделе!

Booking.com постојано ве убедува дека локацијата која ја гледате е и најдобра и најевтина. Дополнително, притисокот за брзо да резервирате некоја соба расте со прикажување на пораки од типот „уште само 3 соби“ или „само што е резервирна“.

Овие пораки често се со долги и збунувачки објаснување кои корисниците најверојатно и не ги дочитуваат. Еве неколку неколку:

  • Само уште три соби!
  • Само што ја пропуштивте оваа локација, букирани сме пред неколку дена.
  • Некој само што го букираше ова

Последната порака „Некој само што го букираше ова!“ не се активира со отворањето на страницата. Отворањето е откако ќе помине одреден период за да се зајакне чувството на итност.

Манипулација и во прегледите

Прегледите кои се презенитрани на страницата се одбрани и се речиси секогаш позитивни. Ова е случај дури и кога на подеталните страници има негативни оценки или барем предупредување.

Оценките кои корисниците им ги даваат на локациите се барем проблематични. Корисникот оценува неколку катеогории: услуга, објектот, чистота, удобност, цена и локација. Сепак, конечната оценака е средна вредност од „смајлијата“ кои ги селектира корисникот.

„Booking.com не прикажува индивидуални оценки, презентира средна вредност и средна вредност од средните вредности. Речиси е неверојатно дека сè ќе биде лошо, но само еден проблем може да ви го уништи патувањето. Одлична локација нема да ви помогне со непроспиените ноќи, иако Booking смета поинаку“, вели Next Web.

Се чини дека најважен совет е да игнорирате сè што е со црвен фонт. Дополнително, бројките со кои се оценува сервисот немаат речиси никакво значење, па може да ги користите за водич. Прегледите на локациите на страниците немаат никакво значење, па за преглед треба да одите на деталните прегледи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии