Дали BitTorrent го има решението да спречи пиратирање на музика?

Новиот сервис од BitTorrent овозможува стрим на видео и музика во живо, која на дел од креаторите на видео содржина и музичари ќе им помогне со дистрибуција на своите содржини. Платформата работи со помал број на музичари со кои има договор, а музичарите се исплаќаат преку рекламите кои BitTorrent ги прикажува заедно со содржината. Најголемиот дел од средствата заработени од рекламите (70 отсто) ќе одат кај креаторите на содржина, а ќе има опција за продажба на музика. Музичарите, пак, кои својата содржина нема да ја нудат бесплатно, ќе задржат 90 отсто од уплатата, вели Next Web.

Сервисот ќе им овозможи на корисниците и самите да откријат музика, и тоа на сите платформи. Засега е достапна единствено Android апликација, иако BitTorrent најави дека работат на: iOS и Apple TV апликации. Најверојатно најважното прашање е колку музичари ќе привлече BitTorrent Now, а со тоа ќе го направи сервисот поинтересен за корисниците. Колку повеќе корисници, толку повеќе причини за нови креатори на содржина, да се приклучат на платформата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии