Дали би се согласиле автономното возило да ве убие за да спаси повеќе животи?

Со се поизвесните автономни возила кои ќе се појават во блиска иднина на патиштата, несомнено се поставува прашањето „Дали би седнале во автомобил кој за да ги минимизира жртвите може да ве убие?“. Возилата користат сензори за да се снајдат на патиштата, и како такви во ситуации во кои сигурно се очекуваат жртви, можеби ќе треба да одлучат т.е. да бидат испрограмирани да ја минимизираат штетата – да убијат еден за да спасат многумина.


Во такви ситуации, дали би му го довериле својот живот на Google, праша Huffington Post? Не е за изненадување што речиси на 60 отсто од анкетираните не им се допаѓа оваа идеја. Станува збор за етичката загатка која на сите ни е позната – „Доколку можете да му ја смените шината на воз кој би удрил во деца дали би ја смениле пругата патува доколку тоа значи дека ќе убите еден човек?“. За разлика од луѓето кои се двоумат околу ова автономните возила веднаш и без грижа на совест ќе го завртат возилото.

Слично прашање во моментов се разговара и на конференција на Обединети Нации кои дискутираат за роботи-убијци. На конференцијата заговарачите на роботите велат дека примената на роботи ќе ги минимизира цивилните жртви, иако објективно тешко е дури и замисливо дека некоја од армиите кои ќе платат за овие роботи ќе се радуваат на ваков систем инсталиран во нивното оружје.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии