Стартува LetsFundIt.mk, првиот македонски краудфандинг сервис

Letsfundit.mk се наоѓа пред уникатен предизвик. Тој е првиот македонски сервис кој ќе се обиде да ја продаде краудфандинг концептот на македонските граѓани. Преку него сите ентузијасти и претприемачи ќе можат да ги промовираат своите продукти и идеи пред публиката, која ќе може да вложува пари во замена за подарок или само за задоволството дека помогнале да се развие иновативна идеја во Македонија. Сервисот е безбеден за тие што ќе вложат. Направен по моделите на Kickstarter и Indiegogo, на кои милиони луѓе ширум светот инвестираат куп пари за разно-разни проекти, парите ќе им бидат вратени на инвеститорите доколку не се реализира идејата и најавените цели на проктот.

Иако краудфандинг сервисите во светот стануваат се попопуларни, тие сепак сè уште се експеримент. А Letsfundit.mk не е исклучок. USA Summer Work & Travel Алумни Македонија (SWT Алумни), организацијата која го стартува сервисот, има тешка задача пред себе да го испромовира концептот на групно вложување на македонските граѓани, кои се далеку посиромашни од светот, а ги има и помалку на број. Според Државниот завод на статистика, во Македонија 65,4 отсто од граѓаните користат интернет. Од нив поголем дел се тинејџери кои не се заинтересирани да го потрошат својот џепарлак, а другите имаат интернет навики кои главно се конзумирање на информации, не и партиципација во проекти на. Дел ќе треба да сработат и претприемачите кои ќе мора да најдат креативни начини да ја убедат публиката дека вреди да се инвестира во нивните идеи.

Сепак, постојат успешни краудфандинг приказни во Македонија. Трите од четири проекти на Kickstarter, кои се пребарувани со термин „macedonia“, успеаja да ги соберат потребните пари. Камп за танцување собра 2.000 долари, а археолошки и уметнички проекти собраа дури 5.000 долари. На Indiegogo за жал некои македонски проекти не собраа пари.

„Можеби се прашувате зашто е потребна crowd-funding платформа во Македонија кога веќе постојат успешни сајтови од овој вид во светот. Одговорот е едноставен, мотивацијата на вложувачите е многу поголема кога ќе видат проект кој директно ги засега нив нивното окружување. Локалниот crowd-funding е поуспешен бидејќи ги обеднува луѓето да си помогнат едни на други особено за мали средини како Македонија“, вели SWT Алумни.

[youtube]VWTBx4aNfL0[/youtube]

7 коментари на “Стартува LetsFundIt.mk, првиот македонски краудфандинг сервис

  1. Имајќи во предвид колку просечен македонски граѓанин може да си дозволи да донира од своите приходи мислам дека сервисот е добар…. за проекти со цел до 1,500 денари ххххаха :)

    Ама нека ги биде… Единствена замерка ми е името (доменот) Letsfundit??? Неможеа нешто на македонски да смислат?

  2. првиот проект кој го поставиле самите креатори на сајтот бара да собере 60к, амбициозно : со оглед на тоа колку непроверена е идејата на македонскиот простор

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии