Дали барањата за приватност во Европа ќе бидат поважни од криптовалутите?

Една од најветувачките технологии денес, блокчејн, можеби ќе „се сопне“ на законот за приватност во Европа.

Блокчејн е технологијата зад биткоин и етериум. Двете крипто валути најверојатно се најпознат производ на технологијата, иако има уште куп, можеби и поинтересни примени.

Една од карактеристиките на блокчејн технологијата е што во ланецот на трансакции се чуваат сите трансакции од почетокот. Овој ланец се чува на сите компјутери кои се дел од блокчејн мрежата и не може да се промени. Токму оваа непроменливост е клучна за безбедноста на крипо валутите.

Тука започнуваат проблемите. Во Европа наскоро, со носење на Законот за приватност, сите технологии ќе мораат да имаат можност за бришење на податоците. Ако немаат, ќе треба да платат казна од 30 милиони евра или 4% од заработката.

Промените на содржините на ланецеот не се едноставни. Поради ова, добар дел од крипто валутите почесто бираат да креираат паралелен ланец, отколку да ги сменат податоците во постоечкиот, објасни Next Web.

Новиот закон за приватност во Европа најверојатно нема да направи промени кај крипто валутите. Тие и онака не треба да содржат нечии лични податоци. Сепак, еден од предизвиците ќе биде да се направи промена која ќе овозможи истите да се користат за складирање и обработка на овие податоци.

Ова најверојатно ќе биде интересен пример за тоа како технологијта ќе ги промени законите, но и законите ќе мора да ја променат технологијта.

1 коментар на “Дали барањата за приватност во Европа ќе бидат поважни од криптовалутите?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии