Дали автопилотот на Tesla е на пат за трето ниво на автономија?

Tesla планира етапно, дел по дел да стигне до петто ниво на автономија. Ова не е ниту тајна, ниту изненадување. Она што е изненадување е дека компанијата можеби има автомобил подготвен за трето ниво на автономија.

Вообичаено, веста за надградбата дојде од Twitter профилот на Елон Маск. Дел од надградбата која веќе е достапна е преку „Navigate“ и овозможува асистирање при возењето, што се смета за второ ниво на автономија. Возилата на Tesla произведени последните две години им помагаат на возачите при минувањето на побавни возила, префрлање на автопатот и слично.

Сепак г. Маск најави дека се во фаза на тестирање на отчитување на семафори, препознавање на знаците за запирање, кружен тек и слично. Додавајќи дека наскоро возилото ќе може самото да стигне од „гаражата во домот, до паркингот на работното место“ без никаква интервенција од надвор.

Ова е интересна забелешка бидејќи заличува на петто ново на автономија; категорија во која возилото без никаква интеракција со возач стигнува од едно на друго место. Дополнително, и дел од технологиите кои се тестираат се во оваа насока: препознавање на сообраќајни знаци, семафори или движење во кружен тек. Имплементација на оваа технологија во возилата на Tesla засега не изгледа како реалност. Веројатно главна причина за ова е прашањето: „Кој ќе биде одговорен ако се случи незгода додека вози автопилотот“. Што ќе се случи останува да видиме, а во меѓувреме Waymo започна со тестирање на автономен такси превоз на патници.

Оваа недела Google започна да нуди такси превоз со автономни возила во Аризона. Со ова Google е без сомневање првата компанијата која започнува со организиран превоз со автономни возила. Корисникот кој сака да повика возило мора да го повика преку апликација. Превозот е автономен, но секое возило има возач кој може да преземе контрола. Возачите во секој момент можат да преземат контрола врз возилото од далечина. Истовремено овие возачи се и надзор за возилата. Во прво време, безбедносни возачи ќе бидат присутни и во возилото. Засега пристап до автономниот превоз ќе имаат единствено корисниците кои се дел од „Early Rider“ програмата, вели Wired.

Веројатно најголемиот недостаток на транспортот е ограничената територија на која возат возилата. Покриеноста со Waymo автономниот превоз е 260 km2, ова секако не е малку, но е проблем ако некој сака да се вози подалеку.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии