Дали Arculus ќе ја промени производната лента во фабриките?

Дејан Соколоски

во Свет

Производните ленти како што се користат денес во фабриките постојат од првата деценија на 1900-те години. Решението го развил Вилијам Клан и ја имплементирал во фабриките на Ford. Идејата за производна лента доаѓа од „лента за разлагање“ (disassembly line). Оваа лента на разлагање се однесува на лентите во кланица, на кои касапите дел по дел го делеле месото од животните.

Во сегашниот процес секој производ се носи од пулт за дообработка пред да биде завршен. Пренесувањето и целото склопување се линеарен процес, производот започнува на едниот крај на лентата и завршува на другиот.

Од Arculus сметаат дека иднината не е целосна замена на лентата туку нејзина модулизација. Практично решението потсетува на неколку паралелни ленти во кој производот може да отиде од една на друга лента. Промената на лентите ја прават автономни возила, роботи. На овие возила заедно со елементот кој се склопува ќе бидат префрлани и сите делови кои треба да се додадат.

Промената на производната лента со модули ќе овозможи поголема флексибилност во фабриките кои не произведуваат исти производи постојано. За останатите фабрики во кои производство малку или воопшто не се менува останува досегашното решение.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии