Дали американскиот Titan е најмоќниот суперкомпјутер во светот?

Titan е новиот супер компјутер на Министерството за одбрана на САД. Titan ќе има пресметковна моќ од 20 петафлопи или 40 квадрилиони пресметки во секунда. Новиот супер компјутер е всушност надградба на Jaguar, кој беше претходниот суперкомпјутер на Оук Риџ. Според CNN, суперкомпјутерот ќе може да помогне за подобро разбирање на климатските промени, биогорива, нови материјали, нуклеарна енергија и слично.

Надградбата е направена на досегашните 224.256 процесори кои се заментети со 299.008 нови, побрзи процесори и 18.688 графички процесори. Графичките процесори се од Nvidia, a останатите 299 илјади се произведени од AMD. GPU-ата ќе ги забрзуваат стандардните јадра, а покрај поголемиот број на процесори суперкомјутерот сега конзумира помалку електрична енергија. Според вестите и покрај тоа што Титан е 10х „побрз“ од Јагуар сепак е и 5 пати енергетски поефикасен.

Интересно, nVidia вели дека немаше да има суперкопјутери да не беа потрошувачите.

„Чини милијарди долари да равиете процесор со високи-перформанси, и нема начин како да си ги повратите парите. Немаше да го правиме ова да не беше потрошувачкиот пазар.“, вели главниот технолошки директор на Nvidia, Стив Скот.

Дали Titan е навистина најбрзиот суперкомјутер на светот ќе дознаеме следниот месец, кога ќе биде објавена и „Топ 500“ листата на најбрзите суперкомјутери.

[youtube]ua2zSYGsD5Q[/youtube]

 

 

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии