Дали 3Д принтерите може да направат револуција во градежништвото?

Дејан Соколоски

во Вести

Над 1.2 милијарда луѓе живеат без соодветен дом. Компанијата ICON претстави решение кое може многу да помогне. Решението е претставено на SXSW, а засега има изградено и еден прототип на куќа.

Станува збор за 3д испринтан дом кој чини само 4.000 долари, а може да се изработи за само 24 часа. Куќата е со површина од 60m2. Идејата е поддржана од Y Combinator. Акцелератороот смета дека оваа идеја може да стави крај на проблемите со живеалиште во државите во развој.

Секако овие објекти ќе имаат огромна примена во зони погодени од природни катастрофи. Куќите се прават за 24 часа, а во случај на земјотрес, поплава, ураган или слично, луѓето ќе можат да бидат брзо згрижени.

Ако има некоја лоша вест, тоа е дека цената од 4.000 долари е засега единствено план за иднина. Во моментот изградба на стан од 75 метри квадрати чини 10.000 долари.

За целосно зацврстување на бетонската смеса се потребни неколку дена, но куќата е вселива за помалку од еден ден. Ѕидовите се досушуваат по вселувањето.