Дафне Бавели на TED: Вашиот мозок на видео игри

Умереното играње на видео игри не само што не е штетно туку напротив е корисно, објасни истражувачот Дафне Бавели во својот TED говор. Во своето излагање таа разбива некои митови за видео игрите, а резултатите се добиени од видео игри исполнети со акција односно FPS (first-person shooter).

Нејзините искуства покажуваат дека обратно од претпоставките и тврдењата всушност гејмерите просечно  имаат подобар вид, на тестот кај очен лекар гејмерите читаат помали букви отколку испитаниците кои не играле. Покрај ова гејмерите многу подобро ги разликуваат нијансите на сивата.

И претпоставката дека играњето на видео игри доведува до проблеми со концентрација и полесно го губат вниманието е погрешна. Тестови со следење на повеќе „цели“ истовремено покажуваат дека гејмерите можат да следат повеќе од два пати повеќе објекти од истанатите испитаници, овој тест е всушност е показател за способноста за задржување на концентрацијата. Сепак различни видео игри не влијаат исто врз мозокот.

[youtube]FktsFcooIG8[/youtube]

Сепак за наменски игри кои ќе го подобруваат видот и концентрацијата, а истовремено се и забавни ќе треба да се работи заедно со дизајнерите на видео игри и издавачите на истите. Додека ги чекаме ваквите игри минатата недела повеќе медиуми пренесоа вест која ги потврдуваат тезите на Дафне Бавели.

Истражувањето на Медицинскиот Универзитет во Тексас покажуваат дека средношколците и студентите гејмери се покажуваат подобро од стажантите во клиниките при симулациите на операции. Всушност станува збор за повеќе проверки на координацијата помеѓу рацете и очите. Очигледно ако во минатото имаше статии за штетите од гејмингот во поново време се почесто добиваме докази за корисноста на истиот.

[youtube]9hhnG-uwq4o[/youtube]

1 коментар на “Дафне Бавели на TED: Вашиот мозок на видео игри

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии