Да се подготвиме за Светскиот ден на чистењето, телефоните во раце и фотографирајте отпад

Петнаесетти септември е „World Cleanup Day“ – денот е посветен на расчистување на околината и правење на животната околина поубава.

„Празникот“ има и своја интересна апликација која може да се искористи. World Cleanup е достапна за Android и за iOS, преку соодветните продавници за апликации.

Апликацијата овозможува следење на дивите депонии и одбележување на истите на мапите. За разлика од куп локални апликации, оваа е глобална, што некако е соодветно за настанот. Еден од недостатоците е што локалните власти иако можат, се чини дека не ја користат апликацијата. Наместо ова се креираат куп апликации, кои се непотребни.

World Cleanup преку геолоцирање на корисникот овозможува лоцирање на диви депонии или ѓубре. Секако корисникот на апликацијата може и самиот да го собере ѓубрето, но што ако е поголемо количество или забележи кабаст отпад? Апликацијата овозможува да се селектира и локацијата и количеството ѓубре, но и да се остави слика. Ако некој дојде и го собере ѓубрето може да ја одбележи локацијата како чиста.

На светскиот ден на чистење на светот потоа може да се исчистат сите, или барем дел од локациите кои се одбележани како валкани. Секако ова не значи дека сите други денови не треба да се грижиме околината да биде почиста, а со тоа и поздрава.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии