Да немаше интернет би…

Затоа, славејќи ги дигиталната револуција, BBC започна интересен дво-неделен серијал соодветно крстен „Супер Моќ“, кој преку радио, телевизијата и онлајн сајтови ќе ја објасни и документира моќта на интернетот.

„Се навршија дваесет години од неговата појава. Според светско испитување на „Глоубскан“ за Светскиот сервис на БиБиСи, четири петини од луѓето го сметаат интернетот за основно човеково право. Јасно е дека многумина го сакаат она што сметаме дека интернетот може да го даде. Но што е тоа?““ вели BBC на македонски кој преведува дел од овој серијал, но и ги прашува македонските корисници како тие ја користат оваа „Супер Моќ“.

Што е тоа? Што е интернетот за вас?

Македонската интернет заедница во духот на виралноста на интернетот преку Twitter и блоговите: Големата слика, Археоблог, Комуникации и многу други, започнаа да опишува што тие би правеле без интернет. Дојде мојот ред. По мене си ти.

  • Да немаше интернет ќе предавав англиски јазик. :P Поради интернет ме заитересираа блоговите, па новинарството, за на крај да дојде Дамјан и ме повика да му помогнам со It.com.mk што е веб проект кој да го немаше интернетот немаше да постои.
  • Да немаше интернет ќе ги сфаќав нашите медиуми „здраво за готово“ и никогаш немаше да читам други информации.
  • Никогаш немаше да знам дека некои работи можат да се подобрат во општеството.
  • Немаше да се нервирам кога гледам фудбал на Сител . Сега, гледајќи онлајн стримови знам дека има квалитетни коментатори кои ти го објаснуваат спортот наместо да зборат глупости. Така… иако понекогаш се нервирам, сепак знам дека интернетот ми нуди избор!
  • Да немаше интернет немаше да знам колку е важен за мене и вас и зошто го пишувам ова или пак зошто барам и вие да ги споделите вашите „Да немаше интернет би…“

Што за вас значи супер моќта? Пишете ни подолу во коментарите или пишете на вашите блогови и профили на друштвените мрежи.

А што би се случило кога би го снемало интернетот? SouthPark го има одговорот. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии