Да го локализираме Ubuntu!

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage}Арангел Ангов исто така познат како "Ufo" помеѓу членовите на Linux заедницата во Македонија, вчера на својот блог објави пост во кој ги повикува сите оние кои можат да помогнат со превод од англиски на македонски да се приклучат во проектот чија цел е да се изврши локализација на Ubuntu – популарна дистрибуција на Linux оперативниот систем која се фокусира на GUI (Graphical User Interfaces).

Како што е истакнато на блогот постојат "неколку работи што може да ги направите" за да помогнете да се подобри квалитетот на преводите во наредното издание на Ubuntu, закажано за објавување на 24 Април.

Авторот на блогот истакнува дека е потребно да се изврши темелна проверка на квалитетот на досегашниот превод, а се што треба да направите е следново:

– Да ги превземете дневните билдови на Ubuntu Hardy
– Да ги тестирате преводите преку разгледување на системот – отворање на разни апликации, менија, менување на опции и да го забележите сето она што изгледа невообичаено или пак погрешно
– Потоа, да го посетите сајтот Bugs.softver.org.mk (во категорија Ubuntu) и да ги пријавите пронајдените грешки/забелешки

За повеќе информации во врска со овој проект, контактирајте со Арангел Ангов преку информациите истакнати на следниов линк.

Не туку чекајте, фаќајте се за работа! :-)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии