Cyanogen се здружува со Microsoft; ќе има преинсталирани апликации на Cyanogen OS

Microsoft и Cyanogen и официјално го објавија своето партнерство. Станува збор за слично партнерство кое Microsoft го има со Samsung, oдносно за партнерство со кое модифицираниот Android систем ќе доаѓа со преинсталирани апликации и сервиси на Microsoft.

Cyanogen, кој пред некој месец доби 70 милиони долари инвестиција од Microsoft, објасни дека преинсталираните апликации ќе доаѓаат на телефоните кои работат на Cyanogen OS, како One Plus, иако овој телефон ќе добие свој оперативен систем. Но, за да нема забуна апликациите ќе се преинсталираат само на Cyanogen OS. Популарниот CyanogenMOD, кој се развива до заедницата, нема да има преинсталирани апликации од Microsoft.

„Ќе продолжиме да испорачуваме светско искуство за продуктивност и комуникација на Windows, но воодушевени сме што и корисниците на Cyanogen ќе можат да ги користат овие моќни сервиси“, велат од Microsoft. Повторно станува збор за апликациите кои од неодамна се достапни на сите оперативни системи: Bing, Skype, OneDrive, OneNote, Outlook и пакетот Microsoft Office. Microsoft од своја страна се обврза да криеира native-апликации за Cyanogen OS.

„Луѓе од целиот свет ги користат Cyanogen OS и популарните сервиси на Microsoft за да го реализираат она што е најважно за нив. Ова е возбудливо партнерство кое ќе овозможи нови интегрирани услуги за мобилните корисници од целиот свет“, вели Кир Мекмастер, директор на Cyanogen.

Но, oва партнерство веднаш наиде на критики од корисниците на Cyanogen. Овој оперативен систем, кој е модифицирана Android верзија, што ветува поголема слобода и персонализација, е популарен и поради тоа што не доаѓа со таканаречен bloatware, односно софтвер кој производителите го наметнуваат на корисниците, и кој не може да се избрише од телефонот. Но, според AndroidCentral, апликациите на Microsoft ќе може да се бришат комплетно од Cyanogen OS.

4 коментари на “Cyanogen се здружува со Microsoft; ќе има преинсталирани апликации на Cyanogen OS

  1. Нема грешка…. Може официјален извор што објавува дека MS апликации ке бидат вклучени во ромот?

    Извадок што прочитав вчера на официјалниот блог:

    To highlight the one take away that matters to CyanogenMod users – We are not bundling or pre-installing Microsoft (or any Cyanogen OS exclusive partner apps) into CyanogenMod.
    http://www.cyanogenmod.org/blog/microsoft-and-cm1

    Peace

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии