Црна Гора „извезе“ над 800.000 .me домени

Дејан Соколоски

во Општо

Најверојатно кога некој ќе ја спомне Црна Гора, доменот .me не е првото нешто што ви паѓа на ум. Но, овој домен ја прослави земјата. Благодарение на значењето што „me“ го има на англиски јазик, Црна Гора успеа да „извезе“ 800.000 домени во целиот свет, или 16 милиони евра донесени пари во земјата. Дури и Претседателот на владата на Црна Гора го прогласи за најуспешниот извозен продукт на малата држава, јави Netokracija.

Црна Гора имаше среќа. Организацијата која ги регулира домените ICANN им го додели .me бидејќи сите други пологични наставки беа зафатени во 2006-та кога земјата стана независна, пример .mn и .mt за Monte Negro или .cg за Црна Гора. Денес меѓу бројните компании кои го користат овој карактеристичен домен се Facebook, WordPress, Google и New York Times. Кога во 2008 година се отвори продажбата на доменот на светската берза за само 48 часа беа продадени над 100.000 домени. Денес се регистрирани 800.000 домени од кои најголем дел 56 отсто во САД, каде DoMen има 212 акредитирани партнери. Покрај цената за регистрација на домените која за премиум често е во илјадници долари, секој година треба да се обнови доменот, па прогласувањето на DoMEn, компанијата која оперира со .me доменот, за најуспешна компанија во Црна Гора не е никакво изненадување.

Деталите за почетокот на DoMen и .me доменот може да ги видите од презентација на конференцијата Digitalizuj.me.