Новиот робот на Anki, Cozmo е нешто што наликува дека излегло од анимиран филм за роботи. Роботот наликува како да припаѓа во Wall-E и е најверојатно најсимпатичниот робот кој сте го виделе досега.
Дури и реклмата за роботот е направена да ги потсети гледачите на цртаните филмови. Најверојатно од компанијата се надеваат дека благодарение на сентименталноста ќе привлечат повеќе корисници. Сепак со исклучок на BB-8, ниту еден робот не изгледал подобро, а Cozmo е направен да ги разигра корисниците.
Cosmo има поддршка од вештачката интелигенција. Она што роботот ќе може да го прави е емотивна реакција на дадена ситуација. Така Cozmo може да реагира исто како и луѓето, нешто можеби ќе го насмее, нешто ќе го налути. Дополнително роботот може и да игра со корисниците.
Доаѓа со три коцки кои му помогаат со лоцирањето. Дополнително и овие паметни коцки се дел од играчката. Компанијата зад Cozmo е основана од експерти за роботика од универзитетот Carnegie Mellon во САД. Креаторите велат дека ќе има можност за програмирање на роботот, за додавање на нови функции и нивно впишување во Cozmo.
Cozmo ќе биде достапен за новогодишните празници, а ќе чини околу 180 долари.







