Covid пасошот ќе може да се интегрира во Android

Апликациите кои се користат како потврда за Ковид-19 имунизација наскоро би можеле да бидат заменети со едноставни картички. Google на блогот за девелопери објави дека Passes API ќе може се користи за чување и пристап до податоците за Ковид вакцинација на Android.

Ова ќе им овозможи на програмерите кои работат во државни агенции или здравствени организации да ја искористат новата функционалност и да креираат дигитални верзии на картичките и тест резултатите.

Дел од податоците кои се дел од картичката се вакцината која ја примил пациентот како и времето на вакцинација. Картичката ќе постои единствено на уредот на кој е преземена, што значи дека ќе мора да се преземе на сите уреди кои корисникот сака да ги користи.

Приватноста на податоците е обезбедена со начинот на кој корисникот одбрал да го заклучи својот телефон. За секој пристап до картичката потребно е да се внесе лозинка, пин или биометриски податок кој се користи за отклучување на телефонот.

„Штом корисникот ја зачува дигиталната верзија на COVID картичката на својот уред, ќе може да пристапи до неа преку шорткат на екранот, дури и кога нема пристап до интернет или на локација на која има послаб интернет. За користење на оваа функционалност ќе биде потребен уред со верзија на 5.0 на Android и Play Protect“, објаснува Ирфан Фајзулабу на блогот на Google.

За почеток функционалноста ќе биде отворена во САД, а потоа ќе биде достапна и во останатите држави.

1 коментар на “Covid пасошот ќе може да се интегрира во Android

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии