Coursera прогласен за најдобар стартап за 2012-та година, според Crunchies

Популарниот сервис за онлајн едукација, Coursera, ја освои наградата за најдобар стартап во 2012та година на наградите „The 2012 Crunchies“ организирани од Tech Crunch.

Coursera во своите 8 месеци постоење е дополнителен извор на знаење за околу 2 милиони студенти кои може да следат предавања на различни теми од врвни професори од преку 33 реномирани универзитети. Овде вреди да се напомени и дека на почетокот овој сервис функционираше само со два универзитети, Принстон и Станфорд, за подоцна да дојде до оваа бројка што ја има во моментот и инвестиции од 3,7 милиони долари.

Овој начин на образовани е доста користен во САД, но не заостануваат и другите земји, тука вклучувајќи не и нас, особено студентите на технолошките факултети. Со Coursera, многумина се стекнуваат со дополнително знаење без притоа да потрошат ниту денар, а во текот на курсот можат во било кое време да се обратат за помош на форумите кои ги имаат секој курс.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии