Coursera повлекува куп курсеви, Reddit ќе се обиде да ги спаси

Еден од најпопуларните онлајн универзитети Coursera најави дека на крајот на јуни ќе повлече дел од постарите, но сепак популарни курсеви. Ова секако се лоши вести за сите кои ги одложуваат курсевите надевајќи се дека ќе бидат тука засекогаш.

Дел од курсевите се отворени што значи дека може и да ги преземете. „Бидете убедени, дури и кога поддршката за кусевите ќе заврши, рeчиси сите курсеви кои се понудени на платформата ќе се вратат во надграден формат и на новата платформа. Има десетици куресеви од старата платформа кои нема да мигрираат на новата и по 30 јуни ќе бидат недостапни“, велат од Coursera.

За среќа, иако е малку посложено, преземањето на курсеви е можно. Најпрво е потребно да го посетувате курсот за да имате пристап до URL-то на лекцијата, доколку курсот веќе е затворен за пријавување, тогаш за жал нема да може да го преземете. URL-то вообичаено е во „https://class.coursera.org/pgm-003/lecture“ облик. Преземете ја Course Materials Downloader екстензијата за Chrome, внесете ја адресата, кликнете на копчето за екстензијата и ќе се отвори екранот за преземање на податоци. Ова важи само за старите курсеви кои ќе бидат тргнати.

Ако некој од курсевите е затворен за преземање, не значи дека е исчезнат засекогаш. Корисници на Reddit се посветени на спасување на курсевите. Па добар дел од нив најверојатно ќе бидат достапни за преземање од торент.

1 коментар на “Coursera повлекува куп курсеви, Reddit ќе се обиде да ги спаси

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии