Coursera бара помош да ги преведе бесплатните курсеви на повеќе јазици

Едукативниот сервис Coursera започна иницијатива за да ги преведе над 600-те бесплатни курсеви на што е можно повеќе светски јазици. За помош, сервисот им се обрати на заедницата и волунтерите заеднички да ги преведат курсевите на своите локални јазици. Само 40 отсто од 7,5-те милиони регистрираните корисници на сервисот зборуваат англиски јазик, останатите 60 отсто студенти се од различни делови од светот. Coursera која неодамна објави и Android апликација за да го забрза својот раст, потпомогнат од 85 милиони долари инвестиција, вели дека преводите се потребни за да ја достигнат својата мисија да обезбедат квалитетно образование ширум светот.

„На часовите од машинско учење до општествена психологија, забележавме дека учесниците спонтани се организираа за да ги преведат титловите на предавањата за да им помогнат на своите колегите. Исто време, чувме дека многу членови на Coursera бараат повеќе преводи“, вели сервисот во блог пост.

Преводите ќе бидат направени од таканаречената Global Translator Community за која може да се аплицира. Штом ќе се оформи заедницата на преведувачи, истите ќе бидат префрлани на страните каде е активно започнат превод со алатки за комуникација помеѓу преведувачите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии