Counter Strike 1.6 и Half Life сега се достапни на Steam за Linux

Една од главните причини поради која гејмерите не користат GNU/Linux со сигурност е тоа што нивната омилена игра не е достапна на тој оперативен систем. Едната од таквите игри е Counter Strike која има огромен број на играчи.

Valve од неодамна започна да ги портира своите игри за GNU/Linux платформата, а во текот на викендот ја објави популарната FPS (First Person Shooter) игра – Counter Strike 1.6 која е досапна на Steam за 9,99 долари.

Исто така, во последниот период Valve непрекинато го промовира Steam за GNU/Linux, на која платформа ќе работи и нивната играчка конзола, а остро го критикува новиот оперативен систем на Microsoft, Windows 8. Valve врши и притисок врз Nvidia за да ги подобрат своите перформанси за Linux, па така од компанијата работат на подобрување на своите драјвери за Linux. Уште една компанија која работи на подобрување на своите драјвери за графичка за Linux е и ATI.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии